Home Македонија Ѓоргиевски: БРТ станува реалност

Ѓоргиевски: БРТ станува реалност

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност. Како што пишува во објава на Фејсбук, денеска на владина седница одобрен е договорот за имлементација на проектот.
– Со овој Договор прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот. Договорот ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето на Единицата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови, пишува во објавата.
Средствата од заемот на ЕБОР, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на проектот.
– Договорот предвидува јасни процедури за повлекување на средствата, управување со посебните сметки, како и обезбедување на сите неопходни дозволи, одобренија и документација за непречено спроведување на активностите. Договорот за имплементација е веќе одобрен и од Европската банка за обнова и развој, информира Ѓорѓиевски.
Проектот за првпат беше промовиран во 2021 година од страна на тогашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.