15-годишна насилничка од Тетовско натепала жена, па извадила нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 15-годишно девојче од тетовско село поради сомнение дека сторило кривично дело „насилство“.

Според информациите од полицијата, на 20 септември 2025 година тинејџерката физички нападнала жена од истото село, а потоа се обидела со остар предмет да ја нападне неа и нејзиниот сопруг.

За случајот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции постапуваат понатаму согласно законските процедури.

Битолчанец е обвинет за обид за убиство: со остри предмети си ги нападнал децата, во станица им скокнал и на полицајците

The post 15-годишна насилничка од Тетовско натепала жена, па извадила нож appeared first on Слободен печат.