Home Свет Се воведува забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро

Се воведува забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро

Со одлука на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се забранува риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона „Мавровско Езеро“ до 31.12.2026 година.
Забраната е донесена согласно член 84 став (1) точка 1 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на РСМ“ бр. 64/24 и 160/25), по барање на ЈУ Национален парк Маврово и со позитивно мислење од Институтот за сточарство и рибарство – Скопје.

„Целта е да се овозможи успешно приспособување, распространување и раст на порибените единки во природните услови на Мавровското Езеро, со што се придонесува кон зачувување и обновување на рибниот фонд.
Ги повикуваме сите риболовци да ја почитуваат забраната и заеднички да придонесеме за зачувување на рибниот фонд на Мавровското Езеро“, известуваат од Националниот парк Маврово.
The post Се воведува забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро appeared first on Во Центар.