Штип денеска добива нов, современ спортски објект – место каде што ќе се игра, ќе се тренира, ќе се освојуваат победи, но пред сè, ќе растат нови генерации спортисти, објави министерот за спорт, Борко Ристовски.
– Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денеска официјално ја пуштија во употреба новата спортска сала „Џексон“.
Инвестицијата е во вредност од 2,2 милиони евра, од кои 1 милион евра се обезбедени од Владата, а 1,2 милиони евра од Општина Штип.
Со капацитет од 1.300 гледачи, салата создава современи услови за штипските спортски клубови, спортистите и љубителите на спортот.
Ова не е само нова сала. Ова е инвестиција во спортот, во здравјето и во развојот на младите.
Место за натпревари, тренинзи, нови спортски успеси и нови генерации кои ќе имаат можност да растат и да се развиваат во подобри услови.
Како Министерство за спорт, заедно со Владата, продолжуваме со реализација на проекти за изградба, реконструкција и модернизација на спортската инфраструктура низ целата држава.
Нашата цел е јасна: Повеќе спортски објекти, подобри услови и еднакви можности за сите што сакаат да спортуваат.
Продолжуваме да градиме спортска Македонија, напиша министерот на Фејсбук.

