Home Свет Димитриеска-Кочоска: Економијата е стабилна и покрај глобалната криза, продолжува соработката со ММФ...

Димитриеска-Кочоска: Економијата е стабилна и покрај глобалната криза, продолжува соработката со ММФ за јакнење на економските политики

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен и содржаен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој во фокус беа актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува државата.Како што информираше министерката, и покрај глобалната неизвесност, македонската економија останува стабилна, а институциите се целосно посветени на зачувување на таа стабилност.

На средбата било разговарано и за продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ММФ, особено во делот на техничката и експертската поддршка. Според Димитриеска-Кочоска, ваквата соработка е клучна за креирање поквалитетни економски политики и зајакнување на институционалните капацитети.„Остануваме фокусирани на внимателно управување со јавните финансии и политики што обезбедуваат сигурност, стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисот“, истакна министерката.

Состанокот доаѓа во период кога глобалните економски текови носат бројни неизвесности, но Владата уверува дека внимателните политики и партнерството со меѓународните институции ќе овозможат одржување на макроекономската стабилност.
The post Димитриеска-Кочоска: Економијата е стабилна и покрај глобалната криза, продолжува соработката со ММФ за јакнење на економските политики appeared first on Во Центар.