Неизвесен е настапот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Откако најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да го пропушти Мастерсот во Мајами, САД, од здравствени причини, многумина се прашуваат дали тој ќе игра и на овогодинешниот грен слем турнир, Ролан Гарос. Познатиот Британец Тим Хенман вели дека не е изненаден што Ноле одлучи да го пропушти турнирот во Флорида:

-Новак долго време избира каде да игра. Ќе биде интересно да се види како ќе се снајде на земјена подлога, која е физички е многу напорна. Има многу прашања. Дали ќе игра пред Ролан Гарос? Дали воопшто ќе игра на Ролан Гарос? Можеби само ќе се фокусира на трева. Којзнае – истакна Хенман.

Славната тенисерка Мартина Навратилова верува дека е подобро за српскиот ас да има повеќе мечеви во нозе пред париската земјена подлога.

-Мислам дека му требаат повеќе мечеви пред Ролан Гарос, но тој знае подобро од мене. Секогаш се лоши вести за турнирот кога Новак не е таму. Времето прави хаос со турнирот и навистина е лошо што минатогодишниот финалист и најголемиот, не може да игра. Не видовме ништо да се случи со неговото рамо тука, но топките и сè е потешко во Мајами, па којзнае? Се надевам дека сè ќе биде во ред и ќе го видиме повторно наскоро.“ Веројатно е рамото и потешките топки во Мајами. Тој не сакаше да ризикува. Се надевам дека наскоро ќе се опорави и повторно ќе го видиме на теренот – рече Навратилова.

Поранешниот италијански тенисер Фабио Фоњини, кој се пензионираше од професионалниот тенис минатото лето, не се сомнева дека Ѓоковиќ може да ги надмине сите неволји и да го пречека Ролан Гарос во врвна форма.

„Шампиони како него се способни за сè – рече Фоњини, додавајќи дека сака да му оддаде почит на Ѓоковиќ, кој го победи Јаник Синер во спектакуларно полуфинале на Австралија опен:

-Овој меч може да значи многу по толку многу порази што ги имаше против Јаник во последните години. Никој не го сметаше за фаворит во полуфинале на грен слем како ова, но тој го направи тоа. Тој повторно ја покажа својата вредност.“

The post Неизвесен е настапот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос appeared first on Слободен печат.