Министерството за внатрешни работи информира дека вчера (24.03.2026) во 23:20 часот, во Полициската станица во Скопјe било пријавено дека на ул. „500“ во село Марино, општина Илинден, патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (21), удрило во пешакот О.М. (52), двајцата од село Марина.
Во несреќата, О.М. починал на местото на настанот од здобиените повреди, додека лекар од Итна медицинска помош ја констатирал неговата смрт.
„Според упатствата на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, додека возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.“
„Местото на настанот го увиди истражна екипа од Полициската станица во Скопско и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен записник“, велат од Полициската станица во Скопје.
The post Пешак удрен и убиен во Скопје: Уапсен 21-годишен возач appeared first on Во Центар.








